Утрово на теренот на Академијата, натпревар од 16.коло во помладата пионерска супер лига, одиграа пом.пионери на ФК Вардар. Нашите млади надежи ја оправдаа фаворитската улога и високо го победија тимот на Македонија Ѓ.П. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 4:1.
Тренерот Тодоровски го започна мечот со следниве 11-сетмина: Ангелов, Павлески, Милошевски, Љушев, (c) Ричков, Хајдари, Стоимов, Каровски, Перковски, Ибраим, Гуџуфи.
Почетните минути од натпреварот му припаднаа на вардаровиот напаѓач, Бесар Гуџуфи. Нашиот голгетер уште во првите минути од дуелот успеа да го отвори резултатот и да му донесе водство на Вардар од 1:0. Истиов играч имаше можност набрзина да го зголеми резултатот, но неговиот силен удар од околу 20.метри заврши само во стативата од противничкиот гол. Вардар имаше целосна доминација на овој дуел и ја држеше контролата на играта на теренот. Со лоб удар на Гуџуфи, успеваме да поведеме и со 2:0, повторно вардаровиот играч беше најприсебен доби добра топка и умешно ја смести во мрежата на Ѓорче. После 20.минути игра се закани и прв пат гостинската екипа, но ништо сериозно кон нашиот гол, топката оди над голот на Ангелов. Вардар повторно беше во прилика да ја зголеми предноста, откако од десната страна топка нафрли Павлески, истата во противничкиот шеснаесетник стигна до Ибраим, овој од прва биеше, за малку крај голот. Иницијативата ја претвараме со нов погодок, овој пат во листата на стрелци се запиша Сандро Каровски, кој беше највисок во скокот после нафрлена топка од корнер, со глава забивајќи ја топката во мрежата, за предност од 3:0. До крајот на првиот дел ќе одбележиме две прилики на Вардар, најпрво Ибраим биеше крај голот, додека Гуџуфи имаше обид кога изненадно топката дојде до него, шутираше, но непрецизно. Од слободен удар се обиде Македонија Ѓ.П, но одбрани Ангелов. Уште по првото полувреме имавме солидна предност од 3:0, резултат кој ни даваше можност послободни да влеземе во вторите 45 минути.
Во второто полувреме, шанса за настап добија сите играчи кои почнаа од клупата за резерви на овој дуел. Во игра ги видовме Анчевски, Попов, Јаневски, Ивановски, Цветков, Стојановски. Во овој дел од мечот видовме само два гола, по еден во двете мрежи. Прв кој се закани беше Стоимов кој шутираше над голот на противникот. Македонија Ѓ.П успева да постигне прекрасен гол од слободен удар, еден од играчите на Ѓорче одлично го изведе слободниот удар и намали на 3:1. Сепак, Вардар постигна уште подобар гол, а истиот беше дело на Бесар Гуџуфи, за кој ова беше денес хет-трик. Од десната страна топка нафрли Јаневски, а Гуџуфи од прва со волеј удар го матираше голманот на Ѓорче, гол со кој ги постави конечните 4:1 на овој натпревар.
Вардар после оваа победа, само се зацврстува на врвот на табелата, и чека евентуален кикс на конкурентите, за само да ја зголеми бодовната разлика која ја имаше пред ова коло.