Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар(1) ген.2009 реди победи во детската лига, 3/3 оваа пролет под водство на Глигоров
ФК Вардар(1) ген.2009 реди победи во детската лига, 3/3 оваа пролет под водство на Глигоров

ФК Вардар(1) ген.2009 реди победи во детската лига, 3/3 оваа пролет под водство на Глигоров

Никола Глигоров со ФК Вардар(1) ген.2009 дојде до третата победа на како нивни предводник во 3.коло од детската лига оваа пролет. Црвено-црните момци за ривал ја имаа екипата на Албион која ја совладаа со високи 5-1 (2-0).

Ние тргнавме офанзивно по првата судиска свирка, напаѓавме со сите сили кон голот на ривалот. Се играше на дожд, условите беа отежнати, но момците на Глигоров Никола не се предаваа. Поради честите атаци успеавме да дојдеме до три корни, по што добивме казнен удар. Топката ја зема Павел Котески-Митровски кој е вешт изведувач на пенали, младиот вардарец немилосрдно бидеше за наша предност од 1-0. До крајот на првиот дел атакувавме на удвојување на предноста во што и успеавме, Максим Павловски погоди за  наша радост и предност со 2-0. Токму со тој резултат се замина на одмор.

Вториот дел започна со шанса на Матеј Николов која не беше претворена во погодок. За 3-0 погоди Дарин Михајловски, кој пред погодокот имаше уште една прилика. Нова голема шанса пропушти Папалиски Васко, противникот конечно се закани, сепак нашиот голман Баснарков беше на место. Ние на мокриот трен на кој постојано паѓаше дожд постојано напаѓавме, Папаливски повторно се закани. Следеа две прилики кои беа претворени во гол, во првата Јаков Стојковски стрелаше за 4-0. Во втората Максим Павловски со неговиот втор гол денес стрелаше за „петарда“ односно предност со 5-0. Противникот во финишот искорисувајќи благо опуштање на нашата одбрана поради убедливото водство намали на 5-1, резулат со кој се оконча овој натпревар.