Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор без бодови од гостувањето кај Пролет
Вардар Јуниор без бодови од гостувањето кај Пролет

Вардар Јуниор без бодови од гостувањето кај Пролет

Вардар Јуниор вчера во второто коло во од пролетниот дел гостуваше кај тимот на РК Пролет. Домаќинот ја оправда фаворитската улога и ја совлада младата црвено-црна екипа.

Mладиот тим на Вардар успеваше да парира се до 13.минута, на седум погодока на домаќинот одговоривме со шест во мрежата на Петар Ангелов-Диви. Потоа следеа минути на тимот кој ќе биде дел од плеј-оф сегментот за титулата, тие влегова во серија(8-1)  и поведоа со  15-7. До крајот на првиот дел успеавме да одиграме гол за гол и да намалиме еден погодок од негативата. На пауза се замина со резултат 18-11 за Пролет.

Во вториот период од 30.минути разликата од седум погодоци беше  додатно зголемена. Избраниците на Стојан Петрушевски и Манасков Пепи  дадоа отпор, но неможеа да го следат ритамот кој го имаа  повозрасните ривали. Поразот во овој меч кој нема значење за нас бидејќи ќе играме во плеј-аут сегметот од лигата дојде конечни 37:21.

ВАРДАР ЈУНИОР: Гогов, Виларов, Анѓерловски, Јанковски, Чакалиќ, Јакимовски 6, Димевски, Карапалевски 4, Андоноски, Трпчевски 5, Анѓелковски, Стојановски, В. Крстевски 2, С. Крстевски 2, Атанасовски, Дука 2.

фото:гол.мк