Утре, недела 8.март на програмите на Македонската радио и телевизија ќе може да се проследат два ТВ преноси во кој „главна улога“ ќе имаат црвено-црните спортски колективи.
Најпрвин на националниот сервис во 13-00 часот ќе може да проследиме дуел од македонската фудбалска лига во кој ФК Вардар гостува во Тетово кај тимот на ФК Ренова. Потоа во 17-00 часот исто така ќе го гледаме Вардар, овој пат ракометниот тим гостува кај Нексе во првиот дуел од 1/4-финалната фаза во регионалната СЕХА Гаспром лига.