Вардарци со позитива од еден гол ќе го започнат реванш дуелот од 1/4 финалето против екипата на Нексе. Ова е епилогот од вечерашниот дуел одигран во Нашица, кој му припадна на нашиот Шампион. Иако имавме во еден момент негатива од четири гола, Вардар направи пресврт и на крајот победи со резултат 30:31. По завршување на натпреварот, своите впечатоци од триумфот ги сподели тренерот Алушовски кој го изјави следново:
„Ова беше само прво полувреме со Нексе. Немаше да биде не заслужено ако хрватскиот тим победеше. Ние бевме посреќни во финишот на дуелот. Не очекува реваншот во Скопје, доколку сакаме пласман на завршниот турнир мора да одиграме уште еден добар натпревар“
Своите впечатоци ги искажа и Иван Чупиќ
„Имавме многу проблеми во текот на целиот натпревар, но на крајот успеавме да излеземе како победници, откако искористивме неколку грешки на домаќинот. Резултатот беше неизвесен со самиот крај, среќен сум што денес победивме“
Реванш дуелот ќе се одигра на 15.март во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 20:15 часот.