На програмата во машката ракометна Супер лига е 17-тото вонредно коло, истото ќе се игра на средината од оваа работна седмица. Во ова предпоследно коло од т.н регуларен дел односно разигрувањето за плеј-офот и плеј-аут сегментите, Вардар Јуниор ќе биде домаќин.
Момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков задутре (среда), во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје ќе ја пречекаат екипата на РК Работнички тим кој е последно пласиран на табелата со 4.бода. Ова е важен дуел бидејќи двата тима ќе играат во плеј-аут сегментот, па бодовите од меѓусебните дуели се пренесуваат на новоформираната табела.
Меч против „фенерџијата“ на кој сме фаворит е закажан со почеток во 17-00 часот. На првиот меч ние во гости победивме со 26-35. На таа средба кај нас прв стрелец беше Ќосевски Ален со 9 гола, Кукуловски Дејан погоди 8 пати, додека стрелец на 6.гола беше Стефан Крстевски.