Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Одиграни се сите први 1/4 финални мечеви во СЕХА-лигата
Одиграни се сите први 1/4 финални мечеви во СЕХА-лигата

Одиграни се сите први 1/4 финални мечеви во СЕХА-лигата

Екипите кои реванш натпреварите ќе ги одиграат на домашен терен, се поблиску до пласман на завршниот турнир во СЕХА-лигата. Тоа посебно важи за екипите на Вардар, ППД Загреб и Веспрем, кои се стекнаа со позитивен резултат од гостувањата во Нашице, Прешов и Војводина. Најнеизвесно треба да биде на реваншот во Запорожје, каде екипата на Брест Мешков има само два гола позитива од првиот дуел со екипата на Мотор.

Вардар успеа да се стекне со предност од еден гол разлика, позитива со која ќе го започнеме реваншот во Скопје. Во најголем дел од натпреварот, Нексе имаше предност и контрола на резултатот, имаше периоди кога стигнаа и до највисоки четири голови разлика, но искуството на Вардар на крајот победи, па останува на црвено-црните својата работа да ја завршат во Јане Сандански. Резултатот од првиот натпревар во Нашице е 30:31 во корист на Вардар.

Веспрем е многу блиску до пласман на Ф4, откако својата работа ја заврши уште на првиот натпревар одигран во Србија. Војводина и пред овој дуел важеше за „аутсајдер“ на мечот со Веспрем, па таа улога се потврди и на првиот дуел одигран во Нови Сад, каде Веспрем триумфираше со резултат 26:31.

Можеби за очекување, беше Татран Прешов да има активен резултат на реваншот во Загреб, но тоа не се случи. Избраниците на Вујовиќ со позитива од четири гола ќе го стартуваат реваншот на домашен терен, со оглед дека издвојуваа победа на првиот дуел одигран во Прешов. „Плинарите“ одиграа добар натпревар и славеа со резултат 21:25, победа која широко им ги отвора вратите кон Ф4 турнирот, кој оваа сезона ќе се одигра во Задар.

Најголема неизвесност очекуваме на реваншот во Украина, каде Мотор Запорожје има само два гола негатива од дуелот со Брест Мешков. Белорусите не се стекнаа со предност која може да им гарантира мирен реванш, па ќе треба да одиграат добар реванш меч, доколку сакаат пласман на завршниот турнир.

Термини за реванш натпреварите :

11 март
20:00 – ППД Загреб – Татран Прешов
12 март
17:00 – Мотор Запорожје – Мешков Брест
14 март
19:00 – Веспрем – Војводина
15 март
20:15 – Вардар – Нексе Нашице