Thursday ,09 December 2021
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Канатларовски повика шест играчи од Вардар за дуелите со Црна Гора
Канатларовски повика шест играчи од Вардар за дуелите со Црна Гора

Канатларовски повика шест играчи од Вардар за дуелите со Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години во наредниве денови ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора.

Натпреварите со репрезентацијата на Црна Гора ќе се одиграат на 10 и 12.март на тренинг центарот „Петар Милошевски“. За овие дуели селекторот на Македонија, Драган Канатларовски, повика и шест играчи од редовите на Вардар. Се работи за голманот, Стефан Тасев, потоа Игор Јаневски, Георг Стојановски, Бесар Гуџуфи, Максим Милошевски и дебитантот Стефан Стојановски.