Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор во среда го пречекува „фенерџијата“ РК Рабонички
Вардар Јуниор во среда го пречекува „фенерџијата“ РК Рабонички

Вардар Јуниор во среда го пречекува „фенерџијата“ РК Рабонички

На програмата во машката ракометна Супер лига е 17-тото вонредно коло, истото ќе се игра на средината од оваа работна седмица. Во ова предпоследно коло од т.н регуларен дел односно разигрувањето за плеј-офот и плеј-аут сегментите, Вардар Јуниор ќе биде домаќин.

Момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков задутре (среда), во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје ќе ја пречекаат екипата на РК Работнички тим кој е последно пласиран на табелата со 4.бода. Ова е важен дуел бидејќи двата тима ќе играат во плеј-аут сегментот, па бодовите од меѓусебните дуели се пренесуваат на новоформираната табела.

Меч против „фенерџијата“ на кој сме фаворит е закажан со почеток во 17-00 часот.  На првиот меч ние во гости победивме со 26-35. На таа средба кај нас прв стрелец беше Ќосевски Ален со 9 гола, Кукуловски Дејан погоди  8 пати, додека стрелец на 6.гола беше Стефан Крстевски.