Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > РК Вардар: Во следните 30 дена ќе играме мечеви без публика
РК Вардар: Во следните 30 дена ќе играме мечеви без публика

РК Вардар: Во следните 30 дена ќе играме мечеви без публика

РК Вардар излезе со соопштение на официјалната страница во кое се вели:

Ги известуваме сите навивачи и симпатизери на РК Вардар дека во следните 30 денови сите натпревари на кои нашиот клуб е домаќин ќе се играат без присуство на публика.

Одлуката е донесена од Владата која забрани присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани на територијата на Македонија, во наредните 30 дена како дел од дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство

Истото се однесува за сениорските екипи и сите екипи во младински категории.
Поради истата мерка нема да имаат тренинзи и натпревари ниту членовите на Ракометната Академија на Вардар.