Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Новак го донесе Вардар на +11 пред Шкендија!!
Новак го донесе Вардар на +11 пред Шкендија!!

Новак го донесе Вардар на +11 пред Шкендија!!

Вардар со денешната победа над Струга Трим Љум и со победата на Работнички над Шкендија во Тетово, се одлепи на единаесет бодови предност пред главниот конкурент за титулата оваа сезона. Денешната злато вредна победа ја донесе капитенот Евгениј Новак со прекрасен гол со глава по нафрлена топка од корнер.

Првите 30-сетина минут од натпреварот минаа со иницијатива на тимот на Вардар но без конкретни шанси на двете страни. Првата посериозна шанса во првиот дел ја имаше Мицевски кој доби добра топка но биеше од 25 метри само над голот на противникот. Во првиот дел Вардар имаше уште една до две шанси, но без посериозни опасности кон голот на противникот.

Во вториот дел остана исто. Васоски не го смени почетниот тим, а како одминуваше натпреварот Вардарци беа се по опасни кон голот на гостите. Крајно сомнителна одлука имаше во 68. минута. Жуниор беше соборен во шеснаесетникот на гостите, но поради наводен офсајд беше поништен пеналот за нашиот тим. Во 69.минута Мицевски изведе супер корнер, а Новак со глава уште подобро биеше и го круниса за него овој ден како капитен со погодок и важна предност на нашиот тим. Пред погодокот во игра влезе Попзлатанов на местото на Брдаровски. Во 81. минута во игра влезе и Најдовски на местото на Ибиши. До крајот на дуелот Вардар имаше уште две добри шанси преку Аврамовски и Колевски да зголеми, но остана 1:0.