Претстојниов викенд, како и во наредните 14 дена, сите натпревари од младинските фудбалски лиги, како и оние кои се дел од детската лига на ФФМ ќе бидат одложени. Согласно препораките и забраните од владата на Р.Македонија, поради превенција и заштита од вирусот COVID-19, во наредниов период се прекинуваат сите натпревари во младинските категории.
Тоа значи дека за претстојниов викенд се одложени натпреварите, на пионерските екипи, кадетите и младинците, кои требаше да одиграат дуели од 17.коло против екипата на Њу Старс. Натпревар во регионалната-скопска лига, нема да одиграат ниту генерацијата 2006 на ФК Вардар, додека натпревари нема да има ниту во детската лига, која е во организација на ФФМ.
Одложени ќе бидат и првите натпревари од 1/2 финалето во купот на Македонија, кај младинските категории, кои требаше да се одиграат на 17.март (среда).