Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Како на „тренинг“ Вардар Јуниор си поигра со Работнички и го совлада убедливо
Како на „тренинг“ Вардар Јуниор си поигра со Работнички и го совлада убедливо

Како на „тренинг“ Вардар Јуниор си поигра со Работнички и го совлада убедливо

Екипата на Вардар Јуниор стигна до нов триумф во рамките на супер-лигава. Попладнево во С.Ц. Јане Сандански избраниците на Стојан Петрушевски ја оправдаа фаворитската улога и го победија тимот на Работнички.

Стефан Крстевски беше играчот кој го отвори резултатот на мечот, додека и Работнички успеа да реализира во својот втор напад. Во следните минути следеше серија на црвено-црните од 4:0, а противничкиот гол го полнеа, Чакалиќ, Ангелковски и Карапалевски, за водство од 5:1 по само 6 минути игра. Сепак противникот се врати бргу во игра и во следните пет минути со четири последователни голови успеваат да го израмнат резултатот на 5:5. Сепак тоа беше и последното израмнување на овој дуел. Следеше период кој му припадна на Карапалевски Мартин, кој успева да погоди три седмерци, додека на голот неколку одбрани сврза Гогов, па по 15 минути игра, Вардар Јуниор повторно имаше четири голови позитива (9:5). Ова беше знак за тренерот на Работнички да повика тајмаут. Иако успеаа да намалат на два гола негатива, момците на Петрушевски повторно земаа залет, делуваа супериорно и влегоа во нова серија на погодоци. Со голот на Стефан Трпчевски стигнавме до водство од 13:8, додека во контра напад погоди и крилото, Виктор Крстевски, па на семафорот во малата сала на СЦ.Јане Сандански, резултатот гласеше 15:8. Истава позитива ја имавме и на крајот од првото полувреме, кога Вардар Јуниор имаше предност од 17:10. Одличен прв дел за младите вардарци, кои се стекнаа со солидна разлика уште во првите 30 минути.

По само три минути игра во вториот дел, нашиот состав стигна и до двоцифрена предност од 20:10, откако нов погодок постигна „славеникот“ Мартин Карапалевски кој денес наполни 20 години. Вардар Јуниор продолжи да го „гази“ противникот, со нови голови на Карапалевски и Стефан Крстевски од контра напад, стигнавме и до највисоки 24:12 во 38 минута од дуелот, на кој имавме целосна контрола на играта. Во второто полувреме на голот застана и Јоаким Анѓелковски кој врза неколку одбрани, додека серијата ја продолжија Андоноски и Атанасовски, за предност од 27:12. Анѓелковски беше одличен на голот, додека Кристијан Ангелковски од пикерската позиција погоди за резултат 31:13, по што беше јасен победникот на овој нерамноправен натпревар. Немаше неизвесности до крајот, Вардар Јуниор победи со резултат 40:24.

Ова беше вкупно осма победа сезонава за овој тим. Одлични беа нашите голмани. Анѓелковски за 15 минути на теренот имаше 8 одбрани од 11 упаттени удари, додека Виларов и Гогов забележаа по 3 интервенции. Во последното коло од регуларниот дел, Вардар Јуниор ќе гостува во Битола кај екипата на Пелистер.

Вардар Јуниор: Гогов, Јанковски 2, С.Чаклиќ 2, Јакимовски 3, Карапалевски 8, Х.Чакалиќ 2, Андоноски 3, Трпчевски 4, Анѓелковски 3, Стојановски 1, Виларов, В.Крстевски 4, С.Крстевски 5, Атанасовски 1, Дука 2, Анѓеловски.