Екипата на Вардар стигна до многу значајна победа во дуелот со Струга Трим Љум и ја прекина серија од два натпревари без победа. Јунак на вчерашниот дуел беше капитенот Евгениј Новак кој постигна погодок, а заслужено ја доби и капитенската лента од Гачевски кој поради суспензија не настапи.
Стоперот на Вардар за нашиот сајт ги истакна впечатоците од натпревариот и потенцираше дека сеуште е рано да се говори за титулата.
„Овој дуел не беше воопшто лесен. Во првиот дел имавме неколку добри шанси да постигнеме погодок но не ги искористивме шансите, исто така и противникот играше доста дефанзивно. Се зависи секогаш од самите нас. Во вториот дел го појачавме темпото, топката почна да се движи по брзо и одма постигнавме погодок. За мене лично е важно што победивме, а не кој го дал голот” , рече дефанзивецот.
- Го прашавме нашиот играч и дали размислуваат за титулата.
„Сеуште е рано да зборуваме за титулата бидејќи има уште многу натпревари, но со оваа победа направивме уште еден голем чекор кон неа” , изјави Евгениј Новак за „Вардар Фанс”.
Димитар Гогов