Поради ширењето на корона вирусот, се поочигледно е дека и реваншот од 1/8 финалето на ЛШ во Унгарија ќе се одигра без присуство на публика. Откако вчера, Вардар објави дека следните натпревари ќе ги игра без навивачи, најверојатно дека и Пик Сегед ќе мора да игра пред празни трибини.
Унгарските власти забранија повеќе од 100 луѓе на спортските мечеви, па вчерашниот дуел на Пик Сегед во домашното првенство се одигра без публика. Иако претходно, Пик Сегед, ја распродаде цела арена за само еден ден, најверојатно дека ќе мора да им ги врати парите на сите оние кои набавија билет за реванш натпреварот со Европскиот Шампион. Сепак во наредниве денови очекуваме оваа информација да добие и официјална потврда.