Избраниците на Пепи Манасков не успеаа да направат подвиг на гостувањето во Охрид против истоимената екипа и го забележаа четвртиот пораз во најквалитетната супер лига. Домаќинот на овој натпревар во најголем дел од мечот имаше постојана предност, која ја зачува до самиот финиш. Гледавме цврста одбрана од двете страни, со мал број на погодоци. Охрид го контролираше резултатот, иако на моменти црвено-црните се закануваа на нивното водство. Во првото полувреме противникот не успеаа да се одалечи на разлика поголема од три гола. На пауза се замина со резултат 11:9.
Вториот дел започна со два гола на Охрид за највисоки во тој момент четири голови разлика 13:9. Од тој момент следи голем пресврт во нашата игра и со серија од пет последователни гола за прв пат на овој меч имавме водство 13:14. Црвено-црните воспоставуваа резултатска рамнотежа се до 47 минута, кога домаќинот со серија од 5:1 го направи решавачкит чекор кон конечниот триумф. Конечниот резултат галсеше 23:18, во корист на Рк Охрид. Вардарци остануваат на своите 15 освоени бода, до ова деветто коло во супер-лигата.