Јованка Радичевиќ, Андреа Кликовац и Итана Грбиќ ќе бидат дел од составот на Црнагорската репрезентација, за претстојното светско првенство кое во периодот од 3-20 декември ќе се одигра во Данска. Така одлучи селекторот Горан Аџиќ кој го објави списокот на играчи, на кои ќе може да смета за ова големо натпреварување. Првиот собир е закажан за 23 ноември, кога Ц.Гора ќе започне со подготовките.
Да потсетиме дека оваа селекција е во група заедно со домаќинот Данска, потоа Србија, Унгарија, Тунис и Јапонија. Во составот на Српската селекција ќе недостасуваат Андреа Лекиќ и Сања Дамњановиќ, за кои селекторот Бошковиќ реши дека нема место за ова светско првенство.