Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Статистика: Периоди во кои пионерите на ФК Вардар постигнуваа и примаа голови
Статистика: Периоди во кои пионерите на ФК Вардар постигнуваа и примаа голови

Статистика: Периоди во кои пионерите на ФК Вардар постигнуваа и примаа голови

Во периодов кога се во прекин младинските фудбалски лиги, нашиот медиум ќе продолжи со статистиката на вардаровите генерации. После завршување на есенскиот дел ви ги изнесовме најдобрите стрелци, играчите кои успеваа да постигнат голови, како и минутажата помината на теренот за секој играч.

Следниов наш текст ќе биде наменет за пионерите на ФК Вардар, односно периодите во кои тие постигнуваа, односно примаа голови. Оваа генерација која во есенскиот дел ја предводеше Стефановски, а во пролетниот ја превзема Коцески, после 16 одиграни кола се наоѓа на второто место на табелата, зад екипата на Академија Пандев. Што се однесува до бројот на постигнати голови, оваа екипа има постигнато вкупно 53 голови, односно тоа е најефикасниот напад во лигата. Статистиката покажува дека поголем број од головите, пионерите на Вардар ги постигнаа во првата половина од мечот, односно 31 гол во првиот и 22 во вториот дел од натпреварите во пионерската супер лига.

Најмногу постигнати голови во противничките мрежи, вкупно 11, оваа генерација на Вардар има постигнато во перидот од 41-50 минута. Вкупно 8 голови имаат во периодот од 61-70 минута. По 7 погодоци имаат во периодите од 21-30 минута и во последните десет минути од дуелот, односно од 81-90 минута од дуелот. По 6 голови, нашите играчи постигнале во почетните 10 минути од натпреварот, како и во периодот од 31-40 минута, додека 5 голови паднале од 11-20 минута. Најмалку ефикасни, сме во периодот од 71-80 минута, кога имаме само 3 погодоци.

Кога е во прашање бројот на примени голови, оваа генерација прими по 6 погодоци, во првата и втората половина од натпреварите. Нашата одбрана била најмалку сконцентрирана, во последните пет минути од првиот дел, како и во првите пет минути од второто полувреме, периоди во кој имаме примено 3 голови. По 2 гола примивме од 21-30 минута, потоа од 51-60, како и од 81-90 минута, додека по 1 гол, од 0-10 минута, 11-20 и од 71-80 минута од натпреварот.