Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ристиќ Стефани: „Јуниор лигата“ е одличен проект, очекувам преку него да бидам селектирана за тимот на Вардар
Ристиќ Стефани: „Јуниор лигата“ е одличен проект, очекувам преку него да бидам селектирана за тимот на Вардар

Ристиќ Стефани: „Јуниор лигата“ е одличен проект, очекувам преку него да бидам селектирана за тимот на Вардар

Ракометната „Јуниор лига“ е проект во кој се создаваат нови таленти, истата функционира речиси пола деценија. „Плодовите“ веќе се гледаат, поголем дел од младите категории, машки и женски на Вардар се пополнети со таленти од оваа лига. Во продолжение ќе ви донесеме интервју со Ристиќ Стефани. Таа е дел од вардаровата ракометна школа, РК Будимир Вардар со која ниже успеси. Стефани е девојка која двои од тимот, веќе има лични признанија за најдобра, игра на позицијата бек. Токму таа позиција е идеална за неа, поради физичката конструкција, ракометниот талент и лукавоста која ги поседува. Таа потекнува од спортско семејство, нејзиниот татко  Стевица Ристиќ беше македонски репрезентативец, нејзиниот брат Стефан,  е дел од младинските екипи на ФК Вардар. Како минуваат мечевите таа е се подобра и подобра, се гледа дека успева да напредне со многу труд. Во продолжение прочитајте ги нејзините одговори на нашите прашања:

1. Како започна твојата ракометна “приказна“ и од кога се дружиш со овој спорт?

jk4

Дружбата со ракометот започна пред четири години на првиот тренинг во РШ Будимир. По само еден тренинг со Андријана заклучив дека тој спорт,  е мојот живот. Љубовта кон ракометната игра се појави гледајќи ги игрите на: Кире Лазаров,  Игор Карачиќ, Штербик, Лекиќ, Андријана и Нора Морк. Сите тие ме инспирираа да започнам со овој спорт, угледувајќи се на нив посакав еден ден да бидам на нивно место.

2. Стефи на која позиција во тимот настапуваш?

Јас настапувам на левата бековска позиција во тимот, исто така можам да играм и на центарската. Сепак одлично се снаоѓам и уживам да играм на лев бек, каде се трудам да го дадам својот максимум за тимот. Без разлика на која позиција ќе одлучи да настапам мојот тренер, секогаш максимално се залагам со цел да ја оправдам добиената доверба за настап.

3. „Јуниор лигата“, како го оценуваш овој вардаров проект?

Ракометната „Јуниор лига“ на Академијата на РК Вардар е одличен проект, огранизирани се одлични натпревари во кои ние напредуваме. Истата ни дава шанса од меч во меч да го подигнеме левевелот на нашата игра, но ни дава и друга прилика. Тоа е можноста преку настапите во истата да бидеме селектирани за младите категории на Вардар, шанса која е важна за сите кои настапуваме.

jk

4. Имаш лични признанија за „најдобар поединец“, колку ти значат и дали истите те мотивираат ?

Имам голем број на лични признанија, истите секако ми значат многу, тие ме мотивираат. Сакам да прикажувам добра игра на дуелите  за да ги оправдам и во иднина. Морам да напоменам дека без мојот тим, тренерите Будимир и Аце Станковски не би било возможно истото да го реализирам.  Ракометот е тимски спорт, па мислам дека целиот тим е заслужен за успехот, дали е тоа тимско или индивидуално признание.

5. Ти си дел од спортско семејство, твојот татко беше познат фудбалер, братот тргна по неговите патеки. Колку тоа беше поттик да се бавиш со ракометот, колку поддршката од семејството е важна за еден млад спортист како тебе?

Секако моите родители имаат голем удел во тоа што јас го засакав спорот како гледам на него и мојата љубов кон ракометот. Уште од мали нозе ме запознаа со сите видови на спорт, исто така дома обожававме да гледаме спорт: ракомет, фудбал и навиваме за тенискиот АС, Џоковиќ.  Нивната поддршка навистина многу ми значи, бескрајно сум благодарна што ми овозможија да го живеам мојот сон, да играм ракомет. Улогите во домот ни се заменети, порано викендите беа резервирани за мечевите на мојот татко. Сега моите родитили за викендите ги следат моите мечеви и на мојот брат, Стефан кој исто така настапува во фудбалската екипа на Вардар.

jk3

6. Каде се гледаш во иднина, на ракометен план?

Знам дека се уште сум млада, сепак националниот дрес е сон на секој млад спортист, па така и на мене. Сега за сега сум фокусирана на мојот тим, работиме напорно пред нас е голема цел, да ја освоиме титулата во лигата и да го повториме ланскиот успех.  Следна моја цел е да бидам селектирана во селекциите на ЖРК Вардар, каде ќе напредувам постепено и еден ден да добијам покана за дресот на Македонија,.

7. За крај кој е твојот идол, на кого се угледуваш?

Секој има свои идол па така и јас како млад ракометар. Покрај мојот тренер Будимир мои идоли се исто така и Нора Морк и Ана Вјекирева. Се надевам дека еден ден ќе успеам да бидам на нивото на кои тие го имаа во нивните кариери- вели Ристиќ.

jk6

Михајло Тушевски