Од македонските спортисти единствено вардарецот, Могамедгаџи Нуров (-97 кг) на Светското првенство во борење што се одржува Нур Султан, Казахстан успеа да обезбеди олимписка виза. Тој го освои „бронзениот“ медал па така визираше пат за Токио.
Олимписките игри требаше да се одржат оваа година во Јапионскиот главен град. Вчера, претседателот на МОК, Томас Бах и јапонскиот премиер Шинзо Абе се согласија да ги одложат Олимписките игри во 2020 година во Токио поради пандемијата на коронавирус, со услов Игрите да се одржат не подоцна од летото 2021 година.