Пред шест години, Вардар, беше многу блиску да направи сензација и да го елиминира тимот на Фленсбург, во рамките на 1/8 финалето од Лигата на Шампионите. На реваншот кој се одигра пред преполниот С.Ц. Борис Трајковски, црвено-црните победија со резултат 27:25, но германците беа тие кои се пласираа во следната рунда, само поради поголемиот број на погодоци постигнати на гостински терен. Првиот дуел во Германија, го доби Фленсбург со резултат 24:22.
Тоа во Скопје беше неверојатен натпревар, фантастично навивање, едностано грмеше целата арена. Одличен беше „Диви“ на голот со 16 одбрани, додека Карачиќ постигна 9 голови. Погледнете го целиот дуел, кој го добивме на домашен терен.