Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Листа на стрелци кај лидерот Вардар, Аврамовски прв, Жуниор втор стрелец
Листа на стрелци кај лидерот Вардар, Аврамовски прв, Жуниор втор стрелец

Листа на стрелци кај лидерот Вардар, Аврамовски прв, Жуниор втор стрелец

Се уште не е познато во кој правец ќе заврши сезоната во ПМФЛ, поради пандемијата со корона вирусот. Вардар е лидер на табелата после 23 одиграни кола со вкупно 46 освоени бодови, додека второто место е за Силекс кој има десет бодови помалку, односно 36 а трета е Шкендија со 35 бодови.

На 23 одиграни натпревари, црвено-црните постигнаа вкупно 32 голови, а најдобар стрелец на тимот, воедно и во целата лига е Даниел Аврамовски, кој има постигнато 10 голови. Втор најдобар стрелец во редовите на Вардар е бразилецот, Леовигилдо Жуниор Реис Родригез кој има запишано 5 погодоци.

Ова се играчите кои ги постигнаа сите 32 голови за Вардар 

1. Даниел Аврамовски  10

2.  Леовигилдо Жуниор Реис Родригез  5

3. Дарко Мицевски  4

4. Матеј Цветановски  3

5. Адем Али и Џемал Ибиши по 2

6. Владица Брдаровски, Бојан Колевски, Филип Најдовски, Евгениј Новак, Јован Попзлатанов и Кристијан Тошевски по 1 гол.