Речиси еден месец како што се прекина со натгпревари во младинските фудбалски лиги и воопшто со целиот спорт во Македонија. Во младинските лиги се одиграа само две пролетни кола, а останува прашањето кога и како ќе се доигра сезоната.
Пионерите на ФК Вардар моментално се на второто место на табелата, со само еден бод негатива од екипата на Академија Пандев, која има и натпревар помалку за одигрување. Вардар го има најдобриот напад во лигата со вкупно 53 голови, а двајца играчи се одвојуваат на врвот на листата на најдобри стрелци во оваа генерација. Се работи за Георг Стојановски и Антонио Мирков.
Кои се играчите кои ги постигнаа сите 53 голови до овој дел од сезоната:
1. Георг Стојановски 20
2. Антонио Мирков 9
3. Петар Давидовски, Славче Живков, Андреј Стојчевски и Петре Тасевски по 4 гола
4. Дарио Јовановски 3
5. Алек Сељанац 2
6. Лео Андрески, Грегори Давков и Алек Саит по 1 гол