Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > (ФОТО) Легендарен состав на Вардар за почеток на Првата карате лига
(ФОТО) Легендарен состав на Вардар за почеток на Првата карате лига

(ФОТО) Легендарен состав на Вардар за почеток на Првата карате лига

Една слика многу приказни, сеќавања, емоции и чувства. Така може да се каже за фотографијата на Карате клубот Вардар од Скопје од 1981 година кога клубот учествува во штотуку формираната Прва карате лига на Југославија.

Фотографијата е направена пред првите борби во салата на Работнички кога Вардар има две борби со клубови од Србија, притоа забележува победа и нерешен резултат.

Во составот на Вардар се: Раде Доневиќ, легендарниот Димче Кичевски – Словенец, Димче Савевски, Назим Куртовиќ, Живко Дракуловски, Жарко Костовски… Во 1982 година на оваа екипа се приклучува и Мирче Опеловски за борбите во Белград во квалификациите за влез во Првата лига, бидејќи претходната година Вардар испаѓа од Лигата.

bbbbb

Вардар и Работнички биле многу силни клубови во тоа време, противниците на Вардар по 3-то коло во Првата лига почнале да се плашат од скопскиот прволигаш.

Подоцна на составот на Вардар се приклучуваат и извинредните Стојче Ангеловски и Трајан Трајановски – Крцко и освоиле се што може да се освои, а во 1983 година се трети во Југославија.

Извор  - http://ipon.mk/