Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Кој се погодуваше за пионерите на ФК Вардар, двајца играчи се одвојуваат на врвот
Кој се погодуваше за пионерите на ФК Вардар, двајца играчи се одвојуваат на врвот

Кој се погодуваше за пионерите на ФК Вардар, двајца играчи се одвојуваат на врвот

Речиси еден месец како што се прекина со натгпревари во младинските фудбалски лиги и воопшто со целиот спорт во Македонија. Во младинските лиги се одиграа само две пролетни кола, а останува прашањето кога и како ќе се доигра сезоната.

Пионерите на ФК Вардар моментално се на второто место на табелата, со само еден бод негатива од екипата на Академија Пандев, која има и натпревар помалку за одигрување. Вардар го има најдобриот напад во лигата со вкупно 53 голови, а двајца играчи се одвојуваат на врвот на листата на најдобри стрелци во оваа генерација. Се работи за Георг Стојановски и Антонио Мирков.

Кои се играчите кои ги постигнаа сите 53 голови до овој дел од сезоната:

1. Георг Стојановски  20

2. Антонио Мирков  9

3. Петар Давидовски, Славче Живков, Андреј Стојчевски и Петре Тасевски по 4 гола

4. Дарио Јовановски  3

5. Алек Сељанац  2

6. Лео Андрески, Грегори Давков и Алек Саит по 1 гол