Вардарецот, Љубиша Пешко е прв позитивен на коронавирусот меѓу спортистите во Македонија.
Љубиша Пешко e поранешен македонски и југословенски репрезентативец во борење, а сега селектор на македонската репрезентација во грчко-римски стил, но и претседател на боречкиот клуб Вардар. Откако мина неколку денови во болница и го преброди најтешкиот дел пристигнаат убави вести. Поради одличното опоравување, добриот степен на напредок истиот е пуштен дома. Продолжува домашното лекување што значи дека храбриот Пешко ја добива битката со болеста.
Во својата кариера како борач Пешко настапуваше за Спартак Руен од Кочани и Бучим Јака од Радовиш. Во Спартак од Руен работеше и како тренер од 1996 до 1999 година, потоа премина во БК Вардар каде работеше до 2003. Во 2013 станa главен спонзор на Вардар и работеше како тренер.
„Вардар Фанс” му посакува брзо закрепнување на Љубиша Пешко.