Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар после 16 одиграни кола се наоѓаат на лидерското место во Лигата. Избраниците на Филип Ивановски имаат 35 бодови, додека втора е екипата на Шкендија со 32 бода.
Вардарци можат да се пофалат дека го имаат и најдобриот напад во лигата, со вкупно 41 постигнат гол, а најдобар стрелец на тимот е Азер Омерагиќ.
Ова се играчите кои ги постигнаа сите голови за кадетите до овој дел од сезоната.
1. Азер Омерагиќ 14
2. Леонид Игнатов 6
3. Филип Андоновски, Фисник Салиу, Георг Стојановски по 3 гола
4. Виктор Крстевски, Мартин Радуловиќ-Величковиќ, Харбин Речица, Атом Фазлиу, Абдулах Хасани по 2 гола
5. Петар Гугуљанов и Александр Ѓурковски по 1 гол