Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Добри вести! Пешко полека го совладува корона вирусот, пуштен дома со значајно подобрување
Добри вести! Пешко полека го совладува корона вирусот, пуштен дома со значајно подобрување

Добри вести! Пешко полека го совладува корона вирусот, пуштен дома со значајно подобрување

Вардарецот, Љубиша Пешко е прв позитивен  на коронавирусот меѓу спортистите во Македонија.

Љубиша Пешко e поранешен македонски и југословенски репрезентативец во борење, а сега селектор на македонската репрезентација во грчко-римски стил, но и претседател на боречкиот клуб Вардар. Откако мина неколку денови во болница и го преброди најтешкиот дел пристигнаат убави вести. Поради одличното опоравување, добриот степен на напредок истиот е пуштен дома. Продолжува домашното лекување што значи дека храбриот Пешко ја добива битката со болеста.

Во својата кариера како борач Пешко настапуваше за Спартак Руен од Кочани и Бучим Јака од Радовиш. Во Спартак од Руен работеше и како тренер од 1996 до 1999 година, потоа премина во БК Вардар каде работеше до 2003. Во 2013 станa главен спонзор на Вардар и работеше како тренер.

„Вардар Фанс” му посакува брзо закрепнување на Љубиша Пешко.