Голманската легенда на Европскиот ракомет, Арпад Штербик во интервју за ЕХФ, говореше и за освоената титула во Лигата на Шампионите со екипата на Вардар.
Штербик помина четири сезони на голот на црвено-црните и во 2017 година успеа да ја освои Европската титула, додека во 2018 година исто така играше со Вардар на завршниот турнир. Тој се наврати пред три години кога со Вардар ја покорија Европа, истакнувајќи дека во тимот владеела голема самодоверба
-Во Вардар постоеше голема доверба и заедништво. Кога ќе се потсетам на таа 2017 година, се сеќавам дека имаше многу самодоверба во Вардар. Преовладуваше тимски дух и сите верувавме дека ќе успееме. Немаше момент кога некој од нас помислуваше дека не можеме да стигнеме до целта. Беше тоа неверојатно искуство и прекрасно чувство да се биде дел од тој тим на Вардар. Сите бевме како едно и се чувствуваше како сите да сме на иста бранова должина, истакна Штербик.
Од неодамна, Штербик, изјави дека ќе стави прекин на богатата играчка кариера после завршување на оваа сезона, која се надеваме дека ќе продолжи.