Словенскиот интернационалец во редовите на Вардар, Сташ Скубе, најави дека по завршување на сезонава го напушта Вардар, а голем дел од медиумите го објавија и неговиот нов клуб.
Според информациите, Скубе во наредните две сезони ќе настапува во Белорусија, за екипата на Брест Мешков. Минатата година, Скубе пристигна во Вардар од екипата на Пик Сегед и веднаш успеа со црвено-црните да ја освои Европската титула. Скубе важеше за еден од најдобрите играчи во тимот, иако имаше договор со Вардар за уште две сезони, се реши да ја прекине соработката и среќата да ја побара во друг клуб.
Последниве неколку сезони, Брест Мешков е редовен учесник во Лигата на Шампионите, но без забележителни поголеми резултати на Европската сцена. Дали трансферот на Скубе, ќе биде само почеток на засилувањата кои Мешков планира да ги донесе во наредниот период останува да видиме.