Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пенезиќ: Вардар заслужи да ја освои ЛШ, но едноставно немавме среќа
Пенезиќ: Вардар заслужи да ја освои ЛШ, но едноставно немавме среќа

Пенезиќ: Вардар заслужи да ја освои ЛШ, но едноставно немавме среќа

Една од најдобрите ракометарки која играше во Вардар, Андреа Пенезиќ, во интервју за хрватски „Спорт Клуб“ зборуваше за годините поминати во Вардар, за добрите и лоши моменти. Пенезиќ во 2017 година заврши како најдобар стрелец во Лигата на Шампионите постигнувајќи вкупно 102 гола, во сезоната кога црвено-црните загубија во големото финале од екипата на Ѓер.

Пенезиќ и Вардар немаа среќа да ја освојат Европската титула, иако во два наврати им беше трофејот на дофат, но сепак не успевавме во продолженијата. Хрватската интернационалка која настапува во Шиофок смета дека Вардар заслужил да ја освои ЛШ, но едноставно немале среќа.

-Нема полошо од тоа да изгубите во финале. Мене, тоа ми се случи на два пати и тоа на каков начин, во двата случаи паднавме во продолженијата, а тоа е страшен емотивен удар за секој спортист. Најпозитивната работа што ми се случило е токму тој амбициозен Вардар, тоа беа моите четири најдобри години во кариерата. Се чувствував многу респектирана и ценета, луѓето ни приоѓаа на улици и беа многу пристојни со нас, едноставно уживав во секој поминат ден во Македонија. Жал ми е само за тие два порази во финалните дуели, сметам дека таа генерација на Вардар заслужи да ја освои Лигата на Шампионите, но во спортот секогаш треба да се има среќа, а ние едноставно ја немавме. 

Андреа се потсети и на еден лош момент, кој за среќа завршил во најдобар ред.

-Никогаш нема да го заборавам денот кога со Вардар летавме до Љубљана и кога дојде до турбуленции за време на летувањето. Дуваше многу силен ветер, не фрлаше на сите страни и едно саат време кружевме во воздухот. Тоа ми беше, веројатно, најстрашниот момент во животот. Кога тргнавме, сите се смеевме и се зафркававме, а на крај завршивме во солзи и во страв за својот живот“