На денешен ден пред точно три години, Вардар убедливо го победи тимот на Фленсбург и на тој начин за прв пат во својата историја успеа да се пласира на завршниот турнир во Келн.
Во рамките на 1/4 финалето, во сезоната 2016/17 за противник го имавме тимот на Фленсбург. Првиот дуел се одигра во Германија и заврши во корист на црвено-црните (24:26). На реваншот во Скопје пред преполниот Јане Сандански, Вардар повторно беше подобар, славеше со резултат 35:27. Најефикасен на тој дуел кој се одигра пред точно три години, беше Циндриќ кој постигна 7 голови, додека Душебаев и Шишкарев имаа по 5.
Таа сезона, Вардар успеа да ја освои и првата Европска титула во својата историја