Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) ЕХФ не потсети, победничкиот гол на Иван Чупиќ вреден Европска титула
(ВИДЕО) ЕХФ не потсети, победничкиот гол на Иван Чупиќ вреден Европска титула

(ВИДЕО) ЕХФ не потсети, победничкиот гол на Иван Чупиќ вреден Европска титула

Во период кога нема натпревари во ракометната Лига на Шампиони, ЕХФ потсети на големото финале од 2017 година, во кое се стретнаа екипите на Вардар и ПСЖ.

Прикажана е последната минута од финалето, најпрво Нарсис успеа да донесе израмнување на резултатот на шест секунди пред крајот на дуелот. Раул Гонзалез побара тајмаут, по што беше одбработена и последната акција. Од центарот тргнавме преку Стоилов, кој додаде топка до Циндриќ, овој до Душебеав кој се одлучи за асистенција до Чупиќ, кој со звукот на сирената успеа да го совлада Омејер и да му ја донесе на Вардар првата Европска титула во својата историја.

Да се потсетиме уште еднаш на златниот гол на Иван Чупиќ, со кој Вардар ја освои ЛШ. Видеото е на следниов ЛИНК.