Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пред точно три години, Вардар за прв пат во својата историја успеа да се пласира на Ф4 во Келн
Пред точно три години, Вардар за прв пат во својата историја успеа да се пласира на Ф4 во Келн

Пред точно три години, Вардар за прв пат во својата историја успеа да се пласира на Ф4 во Келн

На денешен ден пред точно три години, Вардар убедливо го победи тимот на Фленсбург и на тој начин за прв пат во својата историја успеа да се пласира на завршниот турнир во Келн.

Во рамките на 1/4 финалето, во сезоната 2016/17 за противник го имавме тимот на Фленсбург. Првиот дуел се одигра во Германија и заврши во корист на црвено-црните (24:26). На реваншот во Скопје пред преполниот Јане Сандански, Вардар повторно беше подобар, славеше со резултат 35:27. Најефикасен на тој дуел кој се одигра пред точно три години, беше Циндриќ кој постигна 7 голови, додека Душебаев и Шишкарев имаа по 5.

Таа сезона, Вардар успеа да ја освои и првата Европска титула во својата историја