Иван Чупиќ во интервју за хрватски „Спортске новости“ , говореше за одлуката на ЕХФ низа на клубови да бидат без борба елиминирани од Л.Ш. Секако, на нашиот играч ни малку не му се допадна оваа одлука на Европската ракометна федерација (ЕХФ).
„Тоа што го направија не е регуларно. На никого не му е гајле за клубовите, а мислам дека сите во оваа ситуација треба да се сложни и да кажат дека не сакаат да играат. Јасно е, богатите нека играат, а малите нека им служат за промоција на ракометот. Во оваа ситуација поважно беше да им се помогне на федерациите и на клубовите, затоа што ситауцијата е тешка, опасна за иднината, а што ако истата продолжи, не сакам ни да размсилувам што ќе биде. Прашање е колку клубови ќе успеат да преживеат. Се плашам дека сите нас не чекаат тешки времиња. Засега важно е само да се остане здрав“, изјави Чупиќ.