Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Во новата сезона на ЛШ ќе гледаме нов формат на натпреварување, Вардар е сигурен учесник
Во новата сезона на ЛШ ќе гледаме нов формат на натпреварување, Вардар е сигурен учесник

Во новата сезона на ЛШ ќе гледаме нов формат на натпреварување, Вардар е сигурен учесник

Во новата натпреварувачка сезона ќе гледаме нов формат на натпреварување во Лигата на Шампионите. Претходниве години гледавме поинаков систем, каде екипите беа поделени во четири групи, две најсилни и две послаби.

Во новата сезона учество во Лигата на Шампионите ќе земат само 16 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи од по 8 екипи. Новите учесници во ЛШ ќе се бираат на основа на постигнатите резултати во Европските натпреварувања од претходните четири сезони. Македонија ќе има само еден претставник во ЛШ, тоа ќе биде нашиот Вардар.

Засега сигурни во ЛШ од следната сезона се: Вардар, ПСЖ, Барселона, Киелце, Кил, Фленсбург, Алборг, Загреб, Порто и Веспрем.

Останатите шест учесници ќе се бираат според вајлд карта. Франција треба да има уште еден учесник, тоа ќе бидат екипите на Нант или Монпелје, додека пропусница треба да добие и Пик Сегед. Еден претставник ќе доаѓа од Шампионатот на Шведска или Норвешка, додека Португалците може да добијат уште еден претставник ( Бенфика или Спортинг Лисабон). Шанса да играат во ЛШ од новата сезона има и екипата на Брест Мешков.

Промена ќе има и во однос на деновите кога ќе се играат мечевите од ЛШ. Веќе нема да гледаме натпревари за време на викенди, туку мечевите ќе се играат во среда и четврток во термините од 18:45 и 20:45 часот.