Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА-лигата во новата сезона ќе биде збогатена за нов учесник, Динамо Букурешт го потврди учеството
СЕХА-лигата во новата сезона ќе биде збогатена за нов учесник, Динамо Букурешт го потврди учеството

СЕХА-лигата во новата сезона ќе биде збогатена за нов учесник, Динамо Букурешт го потврди учеството

Се уште е неизвесно како ќе заврши актуелната натпреварувачка сезона во СЕХА-лигата, а веќе нови екипи пројавуваат интерес да бидат дел од истата во новата сезона.

Претседателот на романскиот Шампион, Динамо Букурешт, најавува дека од следната сезона неговиот тим ќе се натпреварува во СЕХА-лигата. Динамо добил покана од челните луѓе на СЕХА да бидат дел од истата, а според изјавите, романците со задоволство ќе прифатат да бидат дел од овој голем проект.

Динамо Букурешт играше одлично оваа сезона и беше единствениот непоразен тим во групната фаза од Лигата на Шампионите. Сепак, поради пандемијата со корона вирусот, нивниот осмина-финален дуел против екипата на ПСЖ нема да се одигра, со оглед дека од ЕХФ решија на Ф4 турнирот во Келн да играат екипите кои завршија на првите две места во најсилните групи А и Б.

Доколку се случи приклучување на Динамо, ова ќе биде вториот тим од Романија кој се натпреварувал во СЕХА-лигата, откако минатата сезона дел од истото натпреварување беше и Стеауа Букурешт.