Некогашните соиграчи и европски шампиони со Вардар, Кристијан Дисингер и Игор Карачиќ ја користат ракометната пауза и максимално ги истражуваат убавините на нашата држава.
И двајцата овој празник се решија да го минат во Дојран и да се релаксираат. Дисингер сеуште е во Скопје, ја чека разврската околу неговиот тим и иднината. Со Карачиќ никогаш не се знае, можеби повторно ќе го облече дресот на нашиот тим.. Едно е јасно, на Игор му годи ама баш многу во Македонија.