Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Калараш: Клубот ќе продолжи да живее, што се однесува до мене, јас со задоволство би останал овде!
Калараш: Клубот ќе продолжи да живее, што се однесува до мене, јас со задоволство би останал овде!

Калараш: Клубот ќе продолжи да живее, што се однесува до мене, јас со задоволство би останал овде!

Рускиот интернационалец Глеб Калараш во интервју за „Брз Центар“ говори за неговиот сегашен тим Вардар, дека со задоволство би останал во клубот и би го испочитувал договорот, а исто така откри и дека на средина на овој месец ќе имаат собир, на кој ќе биде многу појасно за ростерот на екипата во иднина и за неговото останување или заминување од Скопје.

„Договорот со Вардар ми е на уште една година, но во средината на мај ќе имаме собир, на кој ќе стане јасно во каква насока ќе продолжи тимот. Што се однесува до мене, јас со задоволство би останал овде до крајот на договорот. Клубот ќе продолжи да живее, а раководството е заинтересирано да ги сочува сегашните играчи и да донесе уште неколку нови за да се формира добра екипа. Се надевам дека се ќе биде како што треба“, вели Калараш.