Во очекување да видиме со каков состав ќе располага Европскиот Шампион во новата натпреварувачка сезона, тренерот на Вардар, Стевче Алушовски во интервју за Балкан Хандбал откри дел од плановите на тимот.
-Прво сакам да ги задржам играчите кои се дел од составот, тука мислам на Дибиров, Калараш, Чупиќ и останатите. Имаме договор со Санталов кој игра на позиција лев бек, додека договор ги продолжија Ристовски и Мишевски. Исто така моја желба е голманот, Никола Митревски, кој се уште го нема договорено трансферот во Порто, истакна Алушовски.
Познато е дека клубот од 1.јуни ќе биде во сопственост на Михајло Михајловски.