Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > (ВИДЕО) На денешен ден лани, Нуров со технички туш во репасаж дојде до „бронза“ на ЕП
(ВИДЕО) На денешен ден лани, Нуров со технички туш   во репасаж дојде до „бронза“ на ЕП

(ВИДЕО) На денешен ден лани, Нуров со технички туш во репасаж дојде до „бронза“ на ЕП

Лани, на денешен ден вардаровиот борач Могамедгаџи Нуров (97 кг) беше поразен со  0-4 во борбата за бронзениот медал на Европското првенство во борење слободен стил во Касписк, Русија. Црвено-црниот борач имаше најдобар пласман од македонците кои учестуваа на ЕП. Сепак подота истата година на СП успеа да дојде до „бронза“ и „виза“ за Олимпијадата во Токио која се одложи поради корона вирусот.

Нуров иако беше повторно близу до медал, бронзен на крајот  го освои петото место во вкупниот пласман. Тој во клучниот меч беше поразен од Азербејџанецот, Нурмагомед Гаџиев. Нуров по втор пат не успева да се врати со медал од европските првенства, иако беше многу близу.  Тој во репасажот со технички туш (11-0) го совлада Германецот, Генади Чудинович  со што го обезбеди дуелот за “бронза“. Оваа убедлива партија и победа со високи 11-0 погледнете ја на видеото подолу. Нашиот борач претходно во четвртфиналето беше поразен од Александар Хуштин (Белорусија) со 2-6.