Стевче Алушовски ќе остане тренер на Вардар и во новата натпреварувачка сезона, а познато е кој ќе биде неговиот помошник.
Откако клубот на почетокот на сезоната го превзема Давид Писонеро, па потоа и Едуард Кокшаров, честа да го води Вардар во новата година ја доби Алушовски.
Алушовски и во новата сезона ќе продолжи да го води Европскиот Шампион, а во интервју за Балкан-Хандбал го откри неговиот помошник. Се работи за поранешниот играч на Вардар, тоа е Владо Недановски кој ќе биде асистент на Алушовски.
Недановски помина многу сезони во Вардар и успеа покрај другите трофеи да освои и две Европски титули со клубот.