Вардарци полека го комлетираат стручниот штаб за новата натпреварувачка сезона. Откако Алушовски во интервју за Балкан Хандбал откри дека негов помошник ќе биде Владо Недановски, познато е дека и Дејан Периќ останува тренер на голманите
Периќ дојде во Вардар во 2018 година и има своја заслуга за успесите на Вардар. Минатата сезона успеа со клубот да ја освои Европската титула, а освен со Милосављев работеше и со Арпад Штербик.
Во следната сезона, кондиционен тренер останува и Даниел Јуришиќ.