Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Имаме договор со Санталов, моја желба е голманот Митревски
Алушовски: Имаме договор со Санталов, моја желба е голманот Митревски

Алушовски: Имаме договор со Санталов, моја желба е голманот Митревски

Во очекување да видиме со каков состав ќе располага Европскиот Шампион во новата натпреварувачка сезона, тренерот на Вардар, Стевче Алушовски во интервју за Балкан Хандбал откри дел од плановите на тимот.

-Прво сакам да ги задржам играчите кои се дел од составот, тука мислам на Дибиров, Калараш, Чупиќ и останатите. Имаме договор со Санталов кој игра на позиција лев бек, додека договор ги продолжија Ристовски и Мишевски. Исто така моја желба е голманот, Никола Митревски, кој се уште го нема договорено трансферот во Порто, истакна Алушовски.

Познато е дека клубот од 1.јуни ќе биде во сопственост на Михајло Михајловски.