Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > На денешен ден 2019: Вардаровиот куглар Митиќ Мартин убедливо дојде до титулата “кадетски шампион“
На денешен ден 2019: Вардаровиот куглар Митиќ Мартин убедливо дојде до титулата “кадетски шампион“

На денешен ден 2019: Вардаровиот куглар Митиќ Мартин убедливо дојде до титулата “кадетски шампион“

На денешен ден лани, сме известиле дека  Мартин Митиќ младиот надежен куглар на КК Вардар успеа да дојде до пехарот во кадетска конкуренција. За првпат во својата историја црвено-црните имаа кадетски шампион. Во веста за овој успех сме го донеле следново за нашите читатели:

Веќе заврши  “Државно кадетско првенство У18“ во машка и женска категорија. Државни прваци се кај дамите,  Тамара Талевска (894 кегли) од КК  Пелистер  од Битола и  во машка конкуренција, Мартин Митиќ (938 кегли) од КК Вардар од Скопје.

mm2

Кај кај момчињата втор беше Александар Младеновски (874 кегли, Пелистер 1982), трет Архан Арслановски (825 кегли, Пелистер 1982). Статуетките, медалите и дипломите на најдобрите им ги врачи  претседателот на  Вардар Димитар Димитровски,  кој ја извршува и фунцијата потпретседател на НКФ.

mm3

Она што посебно радува на ова првенство е првата кадетска титула за кугларскиот клуб Вардар. Нашиот млад, талениран  и надежен куглар Мартин Митиќ стана  кадетски државен шампион за 2019 година. Мартин беше супериорен во неговата категорија, тој пред “сребрниот“ имаше предност од дури 64 “дрва“, а пред треттиот на листата  имаше дури 113 “дрва“.

mm4

Честитки до Мартин, пофалба за неговиот тренер Драги Димитровски кој покажа дека е неприкосновен во “брусењето“ млади кугларски дијаманти. г-н Драги вредно работи со вардаровите надежи и со првиот тим на црвено-црните.