Македонскиот репрезентативец, Филип Талески, во новата сезона ќе настапува за Европскиот ракометен Шампион, откако се согласи на договор со времетраење од една година.
СЕХА-лигата преку посебно видео го најави враќањето на Талески во ова натпреварување. Талески три години беше дел од СЕХА-лигата, во периодот од 2014-2017 година кога го носеше дресот на Металург. Подоцна се пресели во екипата на Рајн-Некар каде помина две години, додека последната сезона настапуваше за екипата на Балинген.