Конечно, утре лидерот на табелата во ПМФЛ, Вардар се враќа на тренинг откако доби зелено светло за враќање на зелените терени и подготовка за доигрувањето на сезоната и одбрана на веќе започнатото, а тоа е првото место на првенствената табела.
,,Вардар Фанс” дознава дека на утрешниот прв тренинг, екипата ќе има неколку нови лица. Филип Ивановски, Никола Глигоров и Филип Спасески ќе им бидат од стручна помош на Васоски и Таневски, бидејќи Раденко Бојовиќ и Михајло Костиќ се во Србија, односно сеуште не можат да се вратат во Скопје и на тренинзите на нашиот клуб.
Му посакуваме успешен старт утре на ФК Вардар, кои ќе започне со тренинзи во групи од по неколку играчи.