По престојот во Вардар, европската круна следеше епизода во Фуксе Берлин за летонскиот џин, Даинис Кристопанс. За него новиот предизвик во кариерата е ПСЖ, каде ќе работи со Раул Гонзалез човекот кој го донесе во Вардар. Во интевју за рускиот специјализиран сајт „Брз центар“ зборува и за деновите минати во Скопје.
Вардар ми остана должен, но Самсоненко вети дека ќе ги исплати сите долгови до крајот на годината. Се надевам дека така и ќе биде. Hајтешка беше првата сезона во Скопје. Јас бев единствен новајлија. Тимот претходно ја освои титулата во Лигата на шампионите, играше перфектно. Минатиот Ф-4 во Келн, дефинитивно тоа се најдобрите денови во мојот живот. Тоа е вистински живот, многу емоции на едно место што не можат да бидат опишани со зборови-вели Кристопанс.