Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Поранешен играч на Вардар ја заврши играчката кариера, Блаженко Лацковиќ на 39 години кажа „крај“
Поранешен играч на Вардар ја заврши играчката кариера, Блаженко Лацковиќ на 39 години кажа „крај“

Поранешен играч на Вардар ја заврши играчката кариера, Блаженко Лацковиќ на 39 години кажа „крај“

Уште еден поранешен играч на Вардар објави крај на својата играчка кариера.

Се работи за поранешниот хрватски репрезентативец, Блаженко Лацковиќ кој на 39 години реши да и стави крај на кариерата. Лацковиќ беше дел од Вардар во периодот од 2014-2016 година.

Од Вардар се пресели во екипата на Кил, од каде се врати во Хамбург, тимот каде ги постигна најголемите клупски успеси. Според најавите, Лацковиќ ќе остане дел од тимот на Хамбург и ќе биде дел од стручниот штаб на екипата од Германија која се натпреварува во втората лига. Со истава екипа успеа да ја освои и единствената Европска титула.