,,Комити” излегоа со ново соопштение. Комитите велат дека играат на најубавиот и најмодерен стадион на Балканот. Велат Вардар да добие лиценца, а потоа и да чуе Европа за нив.
Соопштението ви го пренесуваме во целост:
Играме на најубав и најмодерен стадион на Балканот !
Тренираме на најубавиот и најмодерниот тренинг камп на Балканот !
Имаме најперспективни играчи и најлојални борци. Големи и квалитетни како луѓе, со срца планини ! Нив ги предводи докажан Вардарец и Македонист, Маршал Генералисимус по ранк…
Имаме Црвено – Црна навивачка Армија, која мотивирана може да го наполни Запад до врв ! Имаме се што треба за да ја претставиме Македонија во Европа во најдобро светло !
Дајте ни да играме, за да славиме Титула !
Дајте ни да навиваме, за да се испразниме емотивно, но исполниме душевно !
Дајте ни Лиценца, да не види и чуе Европа !
За вас тоа е можеби малку и незначително, во реалноста тоа е нормално и задолжително, но за нас е воздухот кој го дишеме !